Изразот Flying Monkeys потекнува од познатиот роман Чаробникот од Оз (The Wonderful Wizard of Oz, објавен во 1900 година).
Во приказната, злобната вештерка од Западот имала крилати мајмуни кои во нејзино име ја извршувале валканата работа.
Тие напаѓале, заплашувале, шпионирале и го ширеле нејзиниот страв.
Самите не биле изворот на злото – но биле негово продолжение. Нејзина рака. Нејзино оружје.
Со текот на времето, психологијата го презеде овој симбол и му даде ново, многу прецизно значење.
Што значи Flying Monkeys во психолошка смисла?
Flying monkeys се луѓе кои нарцисот ги користи за во негово име да:
напаѓаат други,
шират лаги, полуинформации и искривени приказни,
ја дискредитираат жртвата,
ја вршат „борбената работа“ наместо него,
ја одржуваат неговата јавна слика на добар, морален или жртва.
Тие се негови гласници, бранители и извршители, додека тој самиот останува во сенка.
Зошто тие му веруваат?
Луѓето кои стануваат flying monkeys ретко го прават тоа свесно.
Најчесто тие се:
маѓепсани од неговиот шарм,
исплашени да не ја изгубат неговата наклонетост,
зависни од неговото одобрување,
или суптилно и долгорочно манипулирани.
Нарцисот им ја сервира својата приказна внимателно – секогаш така што тој изгледа како разумен, повреден или неправедно нападнат.
„Чисти раце“ – омилената позиција на нарцисот„
Додека другите напаѓаат, тој останува со „чисти раце“.
Тој:
не навредил,
не нападнал,
не лажел (барем не директно).
Тој само „ја кажал својата страна“.
А штетата?
Ја прават другите.
Како би ги нарекле на македонски?
Во секојдневен јазик, flying monkeys најдобро може да се опишат како:
војници на нарцисот –
луѓе кои често несвесно учествуваат во неговите игри на моќ, контрола и уништување на туѓиот интегритет.
Важно за крај
Кога некој одеднаш ќе се сврти против тебе,
кога ќе почувствуваш дека си осудена без судење,
кога ќе видиш дека луѓе повторуваат туѓи зборови како свои –
запомни:
не секој напад доаѓа директно од нарцисот.
Некои доаѓаат со крилја.
Прашање за тебе:
Дали си доживеала ситуација во која некој се оддалечил од тебе или те нападнал,
без да ја знае вистината –
само затоа што му била всадена туѓа приказна?









